Силно невреме проследено со дожд и град кое вчера попладне го погоди Приједор и уште неколку села во Република Српска, направи голема штета на земјоделските култури.
Градот направил голема штета на овоштарите.
Оштетени се стебла и плодови, што ќе се одрази на овогодишните приноси, пишуваат медиумите во Република Српска.
Повеќе податоци за направената штета ќе има подоцна.
Во текот на вчерашното невреме во Приједор и во околината на Бањалука, меѓу останатото се оштетени и автомобили.
loading...