понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Регион

Голема трагедија во Србија: Бебе почина поради висока температура, таткото 15 пати се прободел со нож

Голема трагедија во Србија: Бебе почина поради висока температура, таткото 15 пати се прободел со нож

Филип Лакатош (19) од Српска Црња се избоди 15 пати со нож пред одделот за прием на Општата болница во Кикинда кога дозна дека неговиот 9-месечен син Ларис почина поради температура, добиена поради растот на првите заби.

Трагедијата се случи во петокот вечерта кога Филип со медицинскиот тим пристигна во болница со болното бебе, кое на пат кон болницата престана да дише. По низа неуспешни обиди за реанимација, таткото на бебето се прободи со нож пред вратата на болницата, кога му ја соопштија трагичната вест.

Лекари веднаш му пружија помош и го испратија на лекување во Сремска Каменица. Филип во моментов се лекува на Клиниката за торакална хирургија во Институтот за белодробни заболувања во Сремска Каменица.

Семејството Лактош вели дека не очекувале вакво нешто.

-Му растеа запчиња и го однесовме лекар. Доби упат за болницата во Зрењанин, каде му препишаа чепчиња, бруфен и прашоци – низ плач раскажува прадедото Остоја Јовановиќ.

Роднините се во шок поради оваа трагедија. Преку плач тие се прашуваат зошто се случи тоа, толку мал живот да згасне прерано.

Филип си нанесе сериозни повреди. Ја преживеа операцијата, која траеше 12 часа. Ларис е првото дете на Драгана и Филип Лакатош, кои се вратија од Берлин во Српска Црња во јули. Мајката на Филип е романска, а Филип поседува романско државјанство и често одеше кај мајката и синот во Германија.

Која е причината за смртта на Ларис, ќе покаже обдукција.

ИЗВОР: АЛО.РС