вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 41
home Регион

Голема полициска акција во Љежа, уапсени седум лица

Голема полициска акција во Љежа, уапсени седум лица

Во полициска акција, спроведена по наредба на Специјалното јавно обвинителство, во градот Љежа, во северозападна Албанија, уапсени се седум лица под сомнение дека учествувале во производство и дистрибуција на опојни дроги, пред се хашиш.

Според Топ -чанел, ова е најголемата полициска акција во Љежа, а следувала по убиството на полицскиот офицер од секторот за криминал Саимир Хоџа, кој заедно со двајца негови колеги уништиле парцела со хашиш.

Хоџа (44) беше смртно застрелан на 28 минатиот месец од страна на Алди Рама(21), кој откако одби да биде проверен од полицијата, пукаше двапати кон полицаецот, го напушти местото на настанот. По неколкучасовна потрога, 21-годишникот одби да се предаде и се застрела. (МИА)

Коронавирус