Хрватската полиција денеска треба да ги открие деталите за големата меѓународна операција во рамките на која беа разбиени шверцери на кокаин.
Полицијата со медиумите сподели фотографии и видео снимки од акцијата против групата предводена од Стјепан Прњат при што беа запленети 100 килограми кокаин пренесени до градот Ријека од Јужна Америка.
– Колегите од Словенија, Германија и Холандија водеа паралелни истраги. Американската ДЕА отвори регионална канцеларија во Загреб, а ни помогнаа и полициите на Шпанија, Италија и Австрија, изјави Анте Гудељ, началник на хрватската криминалистичка полиција.
Дрогата била скриена во 20 тони метален отпад, херметички затворена и обложена со крпи. Освен кокаинот, биле запленети и 145 килограми марихуана, 70.000 кутии цигари и пари. Вкупно се уапсени 13 лица во паралелни акции во Ријека, Загреб, Мали Лошињ, Франкфурт, Амстердам и Љубљана.