вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Регион

Голем шумски пожар на грчкиот остров 

Голем шумски пожар на грчкиот остров 

Голем шумски пожар изби кусо по 14 часот во централниот дел на грчкиот остров Евија, а превентивно беа евакуирани жители на село во близина на пожарот и пренесени во безбедни делови, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција соопштува дека се уште трае справувањето со огнените јазици, а во гаснењето учествуваат 70 пожарникари со 31 возило, пет авиони канадер, четири хеликоптери, две пешадиски единици со 12 пожарникари, а дополнително биле мобилизирани уште 6 возила со 12 пожарникари.

На противпожарната служба ѝ помагаат општината и полицијата со пет цистерни со вода, а дополнително ќе се ангажираат уште три.

Од противпожарната служба на Грција, апелираат до граѓаните што се наоѓаат во поширокиот регион каде што изби пожарот да ги следат упатствата на надлежните. (МИА)