четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 150
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Регион

Голем шумски пожар на грчки остров, жителите евакуирани

Голем шумски пожар на грчки остров, жителите евакуирани

Противпожарната служба на Грција рано утрово делумно го стави под контрола шумскиот пожар што избувна синоќа во местото Каристос во јужниот дел на грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина.

Час и половина по полноќ, од грчката противпожарна служба соопштија дека превентивно биле евакуирани жителите од куќите кои се наоѓаат во близина, иако не станува збор за густо населено место.

Во справувањето со огнените јазици, синоќа учествуваа 34 пожарникари со 17 возила, две пешадиски единици на противпожарната служба и четири цистерни со вода. (МИА)

Коронавирус