недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 53
home Регион

Голем пожар во Грција

Голем пожар во Грција

Голем шумски пожар изби во текот на ноќта на грчкиот остров Икариа, а според грчките медиуми не претставува опасност за населените места, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, градоначалникот на островот побарал од жителите на четири населби да бидат подготвени за евентуална превентивна евакуација, меѓутоа такво нешто не било потребно.

Рано утрово беа дополнително засилени противпожарните сили и интервенираат 40 пожарникари со 10 возила, два пешадиски тима, два хеликоптери, два авиони, како и волонтери и цистерни од општината. (MИА)

Коронавирус