недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Голем пожар избувна на Закинтос

Голем пожар избувна на Закинтос

На грчкиот остров Закинтос денес избувна пожар и во тек е неговото гаснење, јавува АНА.

Шефот на противпожарната бригада на Јонските Острови, Андреас Ризос, потврди дека пламенот зафатил пошумено подрачје.

Во гасењето на пожарот се вклучени 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а се очекува да пристигнат и авиони.

Локалните жители помагаат во гасењето на пожарот и засега нема опасност за туристите и локалното население.