понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Гол се сликал во кампања за градоначалник на Софија, зашто „политиката е порно“!

Гол се сликал во кампања за градоначалник на Софија, зашто „политиката е порно“!

Во неделата во соседна Бугарија се одржаа локалните избори, каде најмногу гласови за градоначалници освоија кандидатите на бугарската владејачка партија ГЕРБ, на чело со Бојко Борисов.

Кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи, кој стана хит на социјалните мрежи со својата несекојдневна кампања, ја изгуби шансата да застане на чело на Софија.

Фотографијата на рекламните плакати е вистинска, фотошоп имаше само на брадата и на косата. Позирав сосема гол, бидејќи нема што да кријам од бугарските гласачи! Многумина ме прашаа зошто сум гол, и зошто баш со тиква во рацете? Затоа што политиката е едно големо порно – појасни кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи.

Тој изгуби на локалните избори во неделата, но се прослави на социјалните мрежи со тоа што на рекламните материјали позираше гол, со тиква.

Коронавирус