сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Години малтретирање завршиле со убиство: Александра го испразнила целиот шаржер кон невенчаниот сопруг

Години малтретирање завршиле со убиство: Александра го испразнила целиот шаржер кон невенчаниот сопруг

Александра Р. (38) од Обреновац, ноќта саботата кон неделата, откако нејзиниот невенчан сопруг Александар J. (43) повторно ја нападнал, испукала осум куршуми кон него. Откако го усмрила, таа самата се пријавила во полиција, а случајот со повеќегодишното насилство во домот, кое жената од едно солидно ситуирана фамилија го трпела, на овој начин завршил со жртва.

Како што јавуваат медиумите од соседството, таа го убила невенчаниот сопруг со пиштол марка „глок“ кој бил во сопственост на нејзината золва. Пукајќи во Александар таа го испразнилиа целиот шаржер, а го погодила пет пати. По два крушуми завршиле во неговиот стомак и гради, а еден во грбот.

Според неофицијални информации кобната расправија започнала во саботата попладне кога парот бил на свадба, а вербалната расправија започнала уште на прославата каде Александар најверојатно се напил. Караницата продолжила дома пред нивната ќерка и 17-годишниот син на Александар од неговиот прв брак.

Тој по долгата расправија физички ја нападнал, по што жената го земала пиштолот и пукала.

-Неговиот син истрчал надвор од куќата целиот крвав и се упатил во соседната куќа каде живеат неговата баба и тетка. Тие шокирани од глетката почнале да викаат. Александра потоа повикала полиција и сама се пријавила, изјавил за Блиц извор од истрагата.

Алексадра била уапсена, а дала и изјава пред обвинителството. Повторила се што претходно кажала на полицијата, дека пукала во самоодбрана. Дури и малолетниот син на Александар сведочел дека татко му ја малтретирал неговата маќеа.

Коронавирус