среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 71
home Регион

Го мамат и со крава: Со дрон се трага по бикот Џери кој избега од кланица во Сплит

Го мамат и со крава: Со дрон се трага по бикот Џери кој избега од кланица во Сплит

Ловот по најпознатиот бик во Хрватска – Џери, деновиве продолжува со дрон. Животното побегна во петокот и надлежните сѐ уште не можат да му влезат в трага.

Снаодливиот бегалец е една од најважните споредни вести овие неколку дена во регионов. Петар Скејо, сопственикот на кланицата во Каштел, од каде што бикот побегнал, и вчера после работното време, како и викендов, се вклучил во потерата. Тој, за „Слободна Далмација“, ја открива и „специјалната тактика“ на трагачите…

Имено, тие се обидуваат да го намамат Џери поставувајќи крава на местата каде бил виден, и со тоа да го привлечат.

Таа тактика досега не вроди со плод.

– Бикот постапи како што би постапил секој просечен Хрват… Одлучи да не биде глупав „вол“ па да го однесат на колење, истакна колумнистот Војислав Мазоко во посебен напис посветен на Џери.

Инаку, Џери ги освои симпатиите на граѓаните, од кои сѐ повеќе повикуваат тој да не заврши повторно в кланица.

Коронавирус