сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Ѓукановиќ: Нема причина за повлекување на Законот за слобода на вероисповед

Ѓукановиќ: Нема причина за повлекување на Законот за слобода на вероисповед

Нема никаква објективна причина за да се измени или повлече Законот за слобода на вероисповед, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека противењето на тој акт всушност е најновата политичка битка што ја водат противниците на црногорската држава во обид да ја вратат во темниот среден век.

– Не сум слушнал никаков правен аргумент против Законот, освен оној што Српската православна црква (СПЦ) го повторува – „народот е на улиците“. – Тоа на ниту еден начин нема да ја спречи државата да ја заврши својата работа, да усвојува и спроведува закони што се целосно во согласност со Уставот и со меѓународни норми , изјави шефот на црногорската држава, пренесе РТЦГ.

Тој повтори дека законот е долго и темелно подготвуван и дека нема објективна причина за негово изменување или повлекување и оти Владата и натаму е отворена за дијалог.

Анализирајќи ја моменталната политичка состојба, Ѓукановиќ рече дека државата Црна Гора го брани својот граѓански концепт со донесување и дополнување на Законот за слобода на вероисповед.

Коронавирус