вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 96
home Регион

Ѓукановиќ: Не одам во Сараево, ќе дојдам во Сребреница

Ѓукановиќ: Не одам во Сараево, ќе дојдам во Сребреница

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека нема да замине во посета на Сараево, но доколку биде поканет ќе дојде на годишнината од масакрот во Сребреница, со цел да им оддаде почит на жртвите на геноцидот.

– Не доаѓам во БиХ на 2 и 3 март, иако два члена на Претседателството ме поканија! Додик направи национална претстава, а јас не сакам да бидам дел од таа претстава. Тој нема да го загрози односот меѓу Црна Гора и БиХ, истакна Ѓукановиќ во интервју за сараевската телевизија „Фејс“.

Тој додаде дека доколку биде повикан ќе дојде во Сребреница на годишнината.

– Со моето присуство ќе покажам и ќе им оддадам почит на жртвите на геноцидот. Црногорскиот Парламент меѓу првите во светот усвои Резолуција за геноцидот. Јас реков дека беше геноцид, ако треба тоа ќе го потврдам и со моето присуство. Секако дека доаѓам на 25-годишнината, изјави Ѓукановиќ.

Коронавирус