вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Ѓукановиќ гласаше на изборите во Црна Гора

Ѓукановиќ гласаше на изборите во Црна Гора

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска гласаше на парламентарните избори во земјата, и изјави дека очекува Црна Гора да продолжи по патот на економскиот и демократскиот развој кон ЕУ, како и дека не е изненаден и се радува на големата излезност во првиот дел од денот.

– Очекувам црногорското општество да ја потврди својата демократска зрелост и одговорност и на овие избори, како и изборите да се одвиваат во стабилна и демократска култура која е карактеристична за Црна Гора, и дека земјата ќе продолжи да се движи по патот на економскиот и демократскиот развој и остварувањето на европските цели, изјави Ѓукановиќ.

Коментирајќи го високиот одзив, кој е околу 45 проценти до 12 часот, Ѓукановиќ рече дека не е изненадување, затоа што сите партии ги повикаа гласачите да се обидат да ја исполнат својата обврска до пладне.

– Секогаш ме радува кога излезноста е поголема, бидејќи тоа значи дека живееме во општество во кое луѓето се чувствуваат одговорни за идната насока на развој. Ниската излезност секогаш е израз на политичка патологија, рече тој.

На прашањето дали очекува ДПС да падне по три децении и дали ќе им честита на противниците, доколку тоа се случи, Ѓукановиќ рече дека во натпревар резултатот никогаш не може да се знае однапред, но оти тој е лично убеден дека демократската волја на граѓаните е на страната на Црна Гора, нејзината европска иднина и партиите што создаваат и спроведуваат таква политичка програма.

– А честитање на победникот е прашање на демократска и лична култура, која не се доведува во прашање, додаде тој.

Коронавирус