вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Германски пратеник со курдско потекло му го спасил животот на колега од екстремно десничарска партија

Германски пратеник со курдско потекло му го спасил животот на колега од екстремно десничарска партија

Левоцентристички пратеник со курдско потекло му го спасил животот на пратеник на антиимигрантската партија Алтернатива за Германија (АФД) кој во Парламентот добил срцев напад.

Сердар Јуксел од германската Социјалдемократска партија (СПД) му помогнал на пратеникот на АФД кој се онесвестил на состанок на здравствената комисија во Парламентот на Северна Рајна-Вестфалија.

– Видов дека не реагираше, не дишеше, немаше пулс, рече пратеникот.

Јуксел изјави дека веднаш почнал да му го масира срцето, а пратеничката Сузане Шнајдер од Слободната демократска партија му дала вештачко дишење.

Кога после десетина минути пристигнал лекар од Брза помош, пратеникот веќе бил повторно свесен.

Јуксел е медицинско лице и 15 години работел во оддел за интензивна нега. Роден е во германскиот град Есен, а неговите родители се Курди од Турција.

– За мене тоа беше нормално. Ја вршев мојата должност и тоа е добро, рече тој и му се заблагодари на болничкиот персонал кој секој ден спасува животи. – За мене, тие се вистинските херои, додаде Јуксел.

Портпаролот на групата на АФД во покраинскиот Парламент, Мајкл Шварцер, ја потврди спасувачката акција.

– Колегите укажале итна и многу храбра помош на нашиот соработник, рече тој.

Коронавирус