сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Генералниот секретар на НАТО следниот месец во посета на Белград

Генералниот секретар на НАТО следниот месец во посета на Белград

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе допатува следниот месец во посета на Белград, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, дознава Танјуг од дипломатски извори во Белград.

Моментот и околностите во кои треба да се случи средбата се причина што ниту едната, ниту другата страна се уште не сакаат јавно да соопштат за деталите во однос на нејзиниот формат, темата на разговорите и точниот датум на средбата.

Шефот на Алијансата, инаку, уште од неговото стапување на оваа должност отвори простор за поинаков дијалог со официјален Белград.

Пред една година, во Брисел по разговорите со Вучиќ, Столтенберг истакна дека силна и просперитетна Србија значи повеќе безбедност и стабилност во регионот на Западен Балкан.

Претседателот на Србија, исто така, повеќе пати досега го нагласил значењето од присуството на НАТО на Касово поради безбедноста на Србите.

Коронавирус