недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Генерален штрајк во Грција

Генерален штрајк во Грција

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи суштински мерки во справувањето на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во штрајкот учествуваат и Федерацијата на вработените во државните болници и Федерацијата на просветните работници во средните училишта, а новинарите од 11 до 13 часот ќе имаат двочасовен прекин со работа.

Атина денеска е без метро и трамвај, бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, поради учеството во штрајкот на здруженија од грчката поморска федерација, а проблеми ќе има и со летовите, со оглед на тоа дека Здружението на контролори на летање кои исто така штрајкуваат.

Генералниот штрајк е во време додека Грција е во карантин, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор, меѓу другото бараат, суштински мерки за заштита на здравјето на вработените на нивните работни места; вклучување на приватниот здравствен сектор во битката со пандемијата; вработување на неодредено време на медицински персонал; дополнителни вработувања во јавниот превоз, за да се зголеми возниот ред и да се намалат гужвите, како и зголемување на платите и враќање на 13 и 14-та плата за вработените во државниот сектор.

Коронавирус