четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 120
home Регион

Фотографии кои ги запалија социјалните мрежи: Верниците во Белград на колена пред црквите (ФОТО)

Фотографии кои ги запалија социјалните мрежи: Верниците во Белград на колена пред црквите (ФОТО)

Празничните денови треба да ги поминеме во мир и молитва, а како бидејќи е на сила вонредна состојба во земјата и во регионот, на верниците не им е овозможено да присуствуваат на литургиите, па така некои од нив во соседна Србија се забележани како се молат пред црква, пренесува Блиц.рс.

Во текот на вчерашниот ден голема бура во јавноста во Србија предизвикаа слики од луѓе пред црква кои се молат на колена.

„Спуштањето до земја во нашата вера се практикува само пред Велигден“, пишува еден корисник на Твитер, објавувајќи фотографија од верници кои се молат во црква.

Неколку вакви слики од групи на луѓе кои се молат пред цркви биле забележани во неколку Белград, но и во други градови во Србија.

Коментарите за нив се најразлични, а некои алудираат на тоа дека ваквото молење потсетува на Ислам, додека малкумина од нив констатираа дека молтвата на колена се практикува и во православната вера.

 

Локални избори 2021