четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 104
home Регион

ФОТО: Во Албанија уловена „Бик“ ајкула тешка 600 килограми

ФОТО: Во Албанија уловена „Бик“ ајкула тешка 600 килограми

Ајкула од околу 600 кг во текот на ноќта се фатила во мрежите на рибарите од Валона на неколку милји оддалеченост од островот Сазан. Ајкулата е уловена во неутрални води на околу 10 милји од Сазан, на длабочина од околу 500 м.

Рибарот Петрит Ламани раскажа дека неговиот брод имал три дена на море и денес во раните утрински часови забележале дека нешто ги влече.
Овој вид ајкула наречен Бик ајкула е опасен предатор, кој живее на длабочина од 500-600 метри. Таа е долга шест метри и големината, но и острите заби го отежнале нејзиното вадење од мрежите.

Оваа ајкула е ретка дури и за рибарите со 40-годишно искуство како што е Петрит, кој вели дека не е прв пат ваков вид да влезе во неговите мрежи, бидејќи во јадранските води има големи ајкули, но не со толкава големина. , тежина и опасност.

Локални избори 2021