вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 51
home Регион

ФОТО: Ужасот во Ниш претставен во само една фотографија од која ќе заплачете

ФОТО: Ужасот во Ниш претставен во само една фотографија од која ќе заплачете

Полицијата се уште истражува како дошло до страшната несреќа во која воз удри во автобус и го преполови.

„Блиц“ пишува дека што и да е причината, се работи за неверојатна човечка грешка поради која најмалку пет лица ги загубија животите.

Уште седум лица со тешки повреди се борат за живот во Клиничкиот центар во Ниш.

Една од најтажните сцени по страшната несреќа, како што јавува „Блиц“ се случила денес пред присутните во ходникот од Клиничкиот центар во кој утринава се донесени околу 30 повредени лица.

Маж во црна јакна расплакан телефонирал во ходникот од болницата. Со тешки чекори дошол до пултот и се потпрел. Му пришол синот, тинејџер, кој во несреќата минал со полесни повреди.

Им се доближил човек, кој полн со внимание тивко прашал?

-Дали некој близок ви настрада?

Со наведната глава, таткото тивко изговорил:

Да, сопругата.

Синот тогаш шокирано го погледнал и прашал:

-Мама настрада?

Тешко изговарајќи, таткото го прегрнал синот и одговорил:

-Да сине. Не знаев како да ти кажам…

Во момент се замрзнало. Мажот и неговиот син стоеле прегрнати во болничкиот ходник и плачеле. Со нив плачеле и многумина кои во тој момент се затекнале во истиот ходник.

На таткото и синот им пришол доктор кој ги прашал дали им е потребна помош, вода или место да седнат.

Таткото љубезно одбил, а потоа прегрнувајќи го синот, тргнале кон излезот.

Во преминот кусо рекол:

-Тој е се што ми остана од сопругата.