вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 64
Во живо

ВО ЖИВО: Две прес – конференции на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

ФОТО: Убиен човекот што ја пресече колоната во која беше автомобилот на Вучиќ

ФОТО: Убиен човекот што ја пресече колоната во која беше автомобилот на Вучиќ

Лука Радуловиќ (37), познат и како возач на „бентлито“ што своевремено налета на колоната возила во која се наоѓаше претседателот на Србија Александар Вучиќ, убиен е синоќа во Белград, објавија српските медиуми.

Радуловиќ бил тешко ранет во престрелката во Црногорската улица број 8, во близина на Бранковиот мост, а починал во болница.

По напаѓачот сè уште се трага, а според некои информации, тој имал помошници, кои по престрелката се оддалечиле со коли, пишува Б92.

Белградските медиуми наведуваат дека до престрелката дошло поради продажба на наркотици.

Радуловиќ во медиумите е познат и како еден од тројцата мажи во „бентлито“, кои во септември минатата година беа уапсени поради пресекувањето на колоната на претседателот на Србија.

Набрзо по овој инцидент се уапсени и им е одреден притвор, но по 20 дена се пуштени. Против нив подоцна е покренато и обвинение.

Коронавирус