среда, 28. септември 2022. Вести денес: 154
home Регион

ФОТО: Силна експлозија одекна во Анкара, полиција и Брза помош на терен

ФОТО: Силна експлозија одекна во Анкара, полиција и Брза помош на терен

Силна експлозија одекна вечерва во турскиот главен град Анкара, тврдат очевидци.

Експлозијата се случила во котларница на турската Управа за јавни приходи во квартот Чукурамбар, јави телевизијата НТВ, цитирајќи изјава на гувернерот на Анкара.

Според него, зградата била празна и во неа се наоѓале само припадници на обезбедувањето.

Засега нема информации за евентуални жртви во експлозијата.

Кон местото на инцидентот се упатени возила на итна медицинска помош.

Коронавирус