вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 109
home Регион

ФОТО: Се крена „прашина“- гола пациентка во Ковид болницата во Белград фотографирана без нејзино знаење

ФОТО: Се крена „прашина“- гола пациентка во Ковид болницата во Белград фотографирана без нејзино знаење

Фотографија од пациентка која се пресоблекува во привремената ковид болница во Белград кружи на социјалните мрежи, а директорот на Арената потврди дека истата е направена од мобилен телегон, а не од надзорни камери.

– Имаме безбедносни камери и надвор и внатре во зградата, но практично е невозможно да се фотографира со безбедносни камери. Ова беше направено по телефон, тоа е единственото нешто што го знам во моментот,рече дирекотот на арената Горан Грбовиќ

Тој е сигурен дека никој од здравствените работници и луѓето од армијата не го сторил тоа, затоа што, како што вели, тешко е да се дише под вселенски костуми и никому не би му паднало на памет да се занимава со такви работи.

-Овие луѓе се оптоварени со својата работа, даваат терапија, во Арената има повеќе од 400 пациенти. Никој од здравството и армијата сигурно не би го сторил тоа. Вели дека ќе се стори сè за да се открие кој ја сликал жената и како фотографијата дошла до социјалните мрежи, изјави тој.

Тој потенцира дека се знае од кој профил на Инстаграм се проширила фотографијата и дека лицата одговорни за високо-технолошки криминал во Министерството за внатрешни работи, како и Српската армија, ќе сторат се за да ги пронајдат виновниците.

Тој вели дека му е жал што се случи тоа, што се фрла дамка врз беспрекорната работа во Арената, низ која досега поминаа повеќе од милион луѓе без ниту еден инцидент.

-Сето ова е тешко за мене. Таа жена е нечија мајка, сестра. Сè ќе се открие многу брзо преку истрагата. Почнаа истражните дејствија и сигурно ќе го достигнеме виновникот, заклучи тој.

Коронавирус