сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 71
home Регион

ФОТО: Пратеник си ги нарече колегите свињи

ФОТО: Пратеник си ги нарече колегите свињи

Словенечкиот пратеник Миха Кордиќ одби да им се извини на колегите од владеачките партии кои на Фејсбук ги нарече „свињи“, веднаш откако тие гласаа за промена на даночните стапки, што според негово мислење и ставот на неговата партија, ќе ги погоди луѓето со најниски приходи.

„Оние пратеници кои гласаа за мерките со кои заради помалата даночна стапка самите ќе добијат повеќе за 700 евра годишно, додека оние со пониски плати и самохраните мајки поради помалите додатоци годишно ќе изгубат по 200 евра, се обични свињи“, напиша Кордиќ на Фејсбук веднаш по гласањето во парламентот.

Според него, пренесува Хина, владеачките партии преку промената на распоредот на оданочување на приходите, за себе и за другите луѓе со високи плати ќе добијат даночни олеснувања, а сиромашните „празен тањир“.

Кордиќ е пратеник на Левица, партија која формално не е во владата, но и обезбедува парламентарно мнозинство како придодадена членка, но нејзините односи со партиите од влеадачката коалиција на премиерот Маријан Шарец во последните неколку недели се расипаа, откако партиите во владата ги обвини за нечуствителната социјална политика.

Кордиќ, еден од помладите членови на парламентот, објасни дека реагирал во бес, но дека всушност треба да се извинат оние кои гласаа така како што гласаа. Напомена дека во фокусот на јавноста не треба да биде терминот „свињи“, како што се случи, туку „свињаријата“, која со изгласаните промени, се направи.

Тврди дека својот став изнесен на Фејсбук нема намера да го повлече, односно избрише.

Коронавирус