среда, 23. септември 2020. Вести денес: 100
home Регион

ФОТО: Позната причината за новогодишната трагедија во која момче ја задави девојката

ФОТО: Позната причината за новогодишната трагедија во која момче ја задави девојката

Бланка Кумевеш (25) од српската населба Чантавир во близина на Суботица, на 1-ви јануари е убиена од своето момче Чук Чанад (29) од Бачка Топла, а незапамтената трагедија се случила во унгарскиот град Сегедин, пишува српски „Блиц“.

Бланка Кумевеш (25)

Младиот пар во Унгарија отпатувал за дочекот на Новата година, но првиот ден од 2018-та година меѓу нив дошло до недоразбирање кое заврши со убиство и обид за самоубиство.

-Околу пладне на улицата Сачмаз, во стан од една повеќекатница дошло до вербална расправа помеѓу момчето и девојката. Кавгата кулминирала, девојката е тешко повредена и подлегнала на повредите. После тоа, момчето се обидело да се самоубие, но сепак повикало брза помош, која констатирала смрт кај младата девојка, додека тој се наоѓа во болнички притвор и против него ќе биде поднесена кривична пријава, изјави за унгарските медиуми Кристијан Хуберт, портпарол на главната капетанија во Сегедин.

Убиецот се обидел да се самоубие

Унгарските медиуми објавија дека убиството се случило во стан, иако момчето и девојката кавгата ја започнале порано надвор од станот, пред зградата, и дека причината за кавгата и нападот на девојката е љубомора.

Во населбата Чантавир кај Суботица, од каде што е убиената Бланка, владее молк. Мештаните се во шок. За трагедијата дознале од медиумите, а за Бланка велат дека била исклучително убава девојка и дека ова е огромна трагедија за нејзиното семејство, но и за семејството на Чанад.

Семејната куќа на убиената девојка

Во семејната куќа на убиената девојка се собраа роднините за да изразат сочувство на неутешното семејство, родителите и сестрите. Семејството на Бланка немаше сила да говори за трагедијата.

-Ја познавав Бланка од гледање. Со тоа момче не беше долго во врска, само колу три месеци. Тие заминаа на дочек во Сегедин, а станот во кој е убиена е стан на нејзината најдобра другарка. Едно момче ни раскажа дека нејзината другарка ја сретнал во клуб на 1-ви јануари во раните утрински часови, но Бланка и нејзиното момче не биле таму, вели една познаничка на убиената девојка од Чантавор.

Младите од центарот на населбата велат дека Бланка била полна со енергија, помагала во семејната книговодствена фирма, но се занимавала и со маникир.

-Единствено што знаеме е дека тоа момче е од друго село, но каде и како се запознале и каква им била врската, можеме само да нагаѓаме. Потресени сме. Бланка израсна во вистинска убавицца, секогаш насмеана, идеше на тренинзи, ја имаше насекаде. Убавина и младост во едно.Искрено се надеваме дека момчето ќе ја добие заслужената казна, без разлика на мотивот за неговиот чин, велат мештаните.

Последната фотографија на Бланка објавена на социјалните мрежи, неколку часа пред Нова година

Според нивните сознанија, девојката била задавена, но се уште не се познати официјални детали за трагедијата. Веруваат дека причината може да е она што пишуваат унгарските медиуми, односно дека во прашање е љубомора.

-Бланка беше преубава и од добро семејство, тоа е се што можам да кажам. Денешната младина е со кратки нерви и ако се сомнева дека љубомората е причина, верувам дека навистина е. За жал, две семејства се завиени во црно и Бланка ништо не може да ја врати, вели познаник на нејзините родители.

Коронавирус