недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Регион

ФОТО: Ова се четирите жени чие возило заврши во провалија- колегите се простуваат од нив

ФОТО: Ова се четирите жени чие возило заврши во провалија- колегите се простуваат од нив

Четири лица загинаа вчера откако автомобил се преврте во кањонот Миљацка кај тунелот Булози, на истиочниот влез во Сараево и паднал во провалија од 100 до 200 метри.

Автомобилот во кој биле телата на настраданите, извлечен е синоќа од реката, потврдила портпаролката на Полициската управа Весна Стокановиќ.

Четирите жени кои загинале, се вработени во Основното училиште во Ковачици, потврдила директорката на училиштето Неѓа Пејак, за порталот Радиосарајево.ба.

Загинале Мерима Балкиќ, Лејла Садиковиќ, Алмина Чоровиќ и Мина Кадриќ.