недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 51
home Регион

ФОТО: Катарина настрада во страшната несреќа во Србија- Пријателите со потресни пораки се збогуваат од неа

ФОТО: Катарина настрада во страшната несреќа во Србија- Пријателите со потресни пораки се збогуваат од неа

Во синоќешната стравична несреќа која се случила кај селото Жупањац, Србија, настрадала 20-годишната Катарина Иванковиќ, студентка во Рударско-геолошкиот факултет во Белград.

Катарина настрадала како патничка во „БМВ“ кое се судрило во „дачија“ во која исто така имало четири млади лица, од кои тројца загинале. Возачот на „БМВ-то“ недолго после несреќата бил уапсен, соопштила полицијата.

Пријателите на настраданата Катарина веќе почнаа да се збогуваат од неа на Фејсбук.