среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Регион

ФОТО: Хрватите очајни, посебно наплаќаат место под сенка на плажа- објавен ценовник на познат камп

ФОТО: Хрватите очајни, посебно наплаќаат место под сенка на плажа- објавен ценовник на познат камп

Јасно е дека капачите дополнително ќе плаќаат лежалка или чадор за сонце за поголемо уживање на плажа, но веројатно никој не би претпоставила дека на некои плажи во Хрватска, мора да се плати и место под сенка.

Да, добро прочитавте, место под сенка. Необичен ценовник во кампот Маслиник објавила и новинарката Весна Клјајиќ на својот Фејсбук профил. Она што може да се види на ценовникот повеќемина би го нарекле апсурд бидејќи цената за возрасни под сенка е 2 евра, а за деца 1,5 евро.

Свесни сме дека на море важат други правила отколку на копно, меѓутоа, плаќање на место под сенка не е честа појава.