петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Регион

ФОТО: Голема трагедија во БиХ, шест лица загинаа во пожар

ФОТО: Голема трагедија во БиХ, шест лица загинаа во пожар

Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко во БиХ. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош.

Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот.

Пожарот се случил утринава околу седум часот. Засега нема информации за причината за пожарот.

Денот на погребот на жртвите ќе биде прогласен за ден на жалост.

Коронавирус