понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 51
home Регион

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Снегот доаѓа кон Македонија, предизвика колапс на Балканот

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Снегот доаѓа кон Македонија, предизвика колапс на Балканот

Словенија и Хрватска денеска ги зафати студен бран пропратен со снежни врнежи, кои според прогнозите на метеоролозите, ќе продолжи и утре.

 

На автопатот кон Загреб поради снег се вози отежнато, по една лента. ХАК предупредува дека патиштата се влажни и лизгави поради дождовите во Истра, северно Приморје, Лика и Далмација, додека во Горски Котар, средишна и северозападна Хрватска паѓа снежна виулица.

Снежните врнежи предизвикаа значителни проблеми во одвивањето на сообраќајот и во главниот град на Словенија, Љубљана, а сообраќајниот информативен центар ги предупреди возачите да не тргнуваат на пат без зимска опрема.

Висината на снежните наноси во највисоките делови на Словенија би можеле да изнесуваат и до 40 сантиметри, а во централниот дел на земјата околу 25 сантиметри, јави Агенцијата за животна средина на Словенија.

Коронавирус