недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Експлозија разнесе џип во Белград, еден загинат

ФОТО: Експлозија разнесе џип во Белград, еден загинат

Еден автомобил експлодирал во движење на Јужниот булевар во Белград, а лицето кое било во возилото во моментот на експлозијата е загинато, јавуваат српските медиуми.

Од Итната медицинска помош потврдено е дека едно лице настрадало, а претходно без знаци на живот е префрлено во Ургентниот центар.

Српското Министерството за надворешни работи соопшти дека експлозијата се случила околу 13 часот.

Засега официјално не се познати причините за експлозијата, но Б92 јавува дека неофицијално станува збор за пресметка меѓу лица од подземјето.