четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Финска ќе преземе 100 деца бегалци без придружба од Грција

Финска ќе преземе 100 деца бегалци без придружба од Грција

Во следните седмици, најдоцна до крајот на мај, 100 деца бегалци без придружба од Грција ќе заминат за Финска во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката доаѓа по телефонскиот разговор меѓу министерот за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос и министерот за внатрешни работи на Финска Оли – Поика Парвиаинен.

Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, дополнително, освен децата, за Финска ќе заминат и 30 возрасни бегалци и мигранти за спојување со нивните семејства.

Во изминатиот период од Грција заминаа 50 деца бегалци без придружба за Германија и 12 за Луксембург.

Коронавирус