Додека Хрватска се пржи на високи температури, во државната ХРТ мислат дека во Ријека паѓа снег.
Барем така се чини на фотографијата со временска прогноза на телетекстот на Хрватската телевизија.
Во временската прогноза за Ријека за 7 август, покрај температурата од 28 до 33 степени, пишува „слаб снег“.
Иако на многумина што не им се допаѓаат горештините снегот и не е така лоша идеја, грешката била брзо воочена па сега на телетекстот во прогнозата за Ријека нема текст.