вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 172
home Регион

Еве што се случувало пред атентатот на Ѓинѓиќ

Еве што се случувало пред атентатот на Ѓинѓиќ

Милан Веруовиќ поранешен телохранител на Зоран Ѓинѓиќ, вели дека убиениот премиер пред самиот крај им велел дека доколку Србија „падне“, ќе требаат децении за да се крене.

Тој вели дека убиениот премиер како да претчувствувал што ќе се случува и што ја очекува Србија во нејзината борба за национално остварување.

-Случувањето на 12. март, кога би се изанализирало, би бил добар увод за Србија денес. Она што го рече Зоран Ѓинѓиќ, ако Србија во 2002 година паднеше, ќе ни требаа 10 години за да се кренеме. Тој како пророк, пред самиот крај го наговести она што се случи – рекол Веруовиќ.

Поранешниот телохранител на Џинџиќ рекол дека после убиството на премиерот, Колин Паул, секретар за национална безбедност на САД, сам дошол со авион во Белград за да ѝ изјави сочувство на Ружица Ѓинѓиќ.

-Таа му рече дека Зоран, како да претчувствувал и пред смртта читал книга за Кенеди, на што тој ѝ рекол, за да ја исплаши или утеши: „Ако е за утеха, можеби Србија ќе тргне напред после атентатот“ – навел Веруовиќ.