среда, 23. септември 2020. Вести денес: 60
home Регион

Еве што не очекува во октомври со коронавирусот доколку не се почитуваат мерките

Еве што не очекува во октомври со коронавирусот доколку не се почитуваат мерките

Истакнатиот српски епидемиолог и член на кризниот штаб Предраг Кон вчера истакна дека епидемиолошката состојба во Србија се стабилизира на ниско ниво, но дека во Белград во четврток и петок јасно се забележува пораст на бројот на пациенти кои доаѓаат на клиниката.

„За среќа, кај нив не е пронајден Ковид 19 но тоа покажува дека акутните респираторни инфекции полека почнуваат да се интензивираат, што ќе ги имаме во следниот период, а тоа ќе ја отежне работата на медицинските служби“, рече Кон.

Затоа, како што вели тој, инсистира на тоа дека ситуацијата е неизвесна и дека е потребно строго да се внимава да не се влоши и да остане на прифатливо ниво.

„Ако успееме да го дочекаме октомври без зголемување на бројот на заразени, да останеме вака со прифатливо ниски бројки, тогаш веќе сме во новата сезона, сезоната на вакцинација против грип, за која треба да се подготвиме“, рече Кон.

Кон истакна дека во добар дел од Србија, епидемиолошките мерки воопшто не се почитуваат, наведувајќи дека станува збор за лица кои се на годишен одмор, кои воопшто не носат маски и се собираат во голем број.

Тоа е нешто што не може да остане без последици, рече Кон.

Зголемувањето на бројот на заразени лица може да се случи и поради враќањето на граѓаните од странство, наведе тој.

Како што додава, влегуваме во периодот на респираторни инфекции, кои обично започнуваат од училиштата, а во овој случај можно е и тие да започнуваат од работни тимови.

Кон исто така посочува дека превозните средства се недопуштени места за ширење на вирусот, нагласувајќи дека не треба да се гледа поволно на некој што не носи маска во транспортот.

Коронавирус