Возачот кој пред некој ден дивел со „Хамер“ во центарот на Белград бил стенд-ап комичарот Оливер Шотра, со британско-српско потекло, пренесе српски Блиц.
Комичарот со хамерот прво го соборил семафорот, па удрил во киоск. Вработената во киоскот е полесно повредена.
Потоа возачот удрил во капија од куќа, предизвикал сообраќајки, па излегол од возилото и заминал во непознат правец.