среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Регион

Евакуација на базените во Нови Сад

Евакуација на базените во Нови Сад

Посетителите на отворените базени на Саемот во Нови Сад се евакуирани, јавуваат српските медиуми.

Неофицијално, дошло до проблем поради хлорот.

На теренот има полиција, пожарникари и Итната медицинска помош.

Засега нема официјално соопштение, но од Јавното претпријатие „Спортски и деловен центар Војводина“ за српските медиуми велат дека во текот на денот ќе излезат со официјално соопштение, несакајќи да откријат детали за настанот.