сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Регион

ЕУ за Турција: Односите воопшто не се добри

ЕУ за Турција: Односите воопшто не се добри

Односите со Турција во моментов не се добри и ќе бидат на врвот од агендата на оваа средба, изјави шефот на европската дипломатија Jозеп Борел по пристигнувањето во Брисел на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Агенциите информираат дека Борел најавил „интересна дискусија“ за начините за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека денешната сесија ќе биде прва по долго време накоја учесниците ќе бидат физички присутни.

Борел најави дека на Советот ќе се разговара и за односите со Латинска Америка, во контекст на пандемијата на коронавирусот и проблемите со кои се соочува овој дел од светот, како и за Либија, Венецуела, Африка и резултатите од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Земјите-членки на ЕУ, исто така, се очекува да зборуваат и за ситуацијата во Хонг Конг.  (МИА)

Коронавирус