петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 155
home Регион

ЕУ продолжува да испраќа помош за кампот Мориа на Лезбос

ЕУ продолжува да испраќа помош за кампот Мориа на Лезбос

Грција има потреба од дополнителна помош по големиот пожар што го уништи бегалскиот камп на островот Лезбос, ЕУ продолжува да се мобилизира велат од Европската Комисија.

Преку ЕУ механизмот за цивилна заштита Данска, Австрија, Финска, Шведска и Германија испратија дополнителни реквизити во Лезбос, главно покривачи, шатори и вреќи за спиење, на барање на Грција. 

За кампот Мориа од април се мобилизира поддршка од повеќе земји членки, Полска, Австрија, Данска, Холандија, Чешка, Франција испратиле душеци, вреќи за спиење, постелнина, медицински контејнери, итн за потребите на бегалците во Мориа, велат прес службите во Брисел.

Еврокомесарот задолжен за хуманитарна помош и за Механизмот за цивилна заштита, Јанез Ленарчич, им се заблагодари на земјите членки за нивната поддршка нарекувајќи ја “солидарност во акција“.

Локални избори 2021