петок, 5. август 2022. Вести денес: 121
home Регион

Ескобар: Заедницата на српските општини треба да се примени и за тоа мора да се разговара

Ескобар: Заедницата на српските општини треба да се примени и за тоа мора да се разговара

Американскиот пратеник за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар, денеска изјави дека мора да се спроведат сите претходно постигнати договори меѓу Србија и Косово, вклучително и Заедницата на српски општини и дека за тоа треба да се разговара на средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти подоцна овој месец, пренесе Бета.

Во разговор со новинарите, Ескобар рече дека се надева дека овој месец ќе отвори можности за напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, не само во однос на изнаоѓање трајно решение за регистарските таблички, туку и во однос на договорот за Заедницата на српски општини.

Според него, Заедницата „не треба да противречи на Уставот на Косово, не треба да создава проблеми во функционалноста на Косово и не треба да биде држава во држава“.

Ескобар ги повика српските и косовските лидери да се вклучат во конструктивен дијалог, кој, како што рече, е клучот за иднината на Србија и Косово. (МИА)

Коронавирус