недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Ердоган: Турција ќе го засили военото присуство на северен Кипар

Ердоган: Турција ќе го засили военото присуство на северен Кипар

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека Турција ќе го засили своето воено присуство во Северен Кипар, каде вообичаено постојано се распоредени околу 35.000 турски војници.

– Нема да го намалиме бројот на наши војници таму, напротив, ќе го зголемиле, изјави Ердоган.

Ердоган, сепак, потенцираше дека Турција не планира да отвори воена база на Северен Кипар, бидејќи нема потреба од тоа.

– Турција е на само неколку минути од кипарскиот брег, изјави претседателот, додавајќи дека, доколку сепак се појави потреба за отворање на воена база, Турција ќе го стори тоа.

Островот Кипар е поделен на два дела во 1974 година, кога обидот на кипарските Грци за обединување со Грција предизвика воена интервенција од страна на Турција. Преговорите за повторно обединување на Кипар засега не вродуваат со плод.

Коронавирус