вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 4
home Регион

Ердоган: Санкциите и заканите нема да не спречат да трагаме по енергенси

Ердоган: Санкциите и заканите нема да не спречат да трагаме по енергенси

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека „санкциите и заканите“ нема да ја одвратат Турција од потрагата по енергенси во источниот Медитеран.

– По ова прашање, нашата земја има право и ние ќе ги браниме нашите права со сите средства што ни стојат на располагање. Ние нема да се повлечеме поради санкциите и заканите, рече Ердоган.

Тензиите растат во источниот Медитеран, каде се откриени големи резерви на гас во претходните години. Ова ги поттикна апетитите на крајбрежните земји. Анкара во понеделникот испрати истражувачки брод придружуван од воени бродови во област што Грција ја смета за нејзината територија .

Министрите за надворешни работи на ЕУ се сретнаа за да изразија солидарност со Грција и да повикаат на деескалација. Грчката влада побара конкретни чекори против Турција, а европските земји ќе разговараат за ситуацијата во источниот Медитеран на состанок кон крајот на август.

Франција, во четвртокот, го зголеми своето воено присуство во регионот во знак на поддршка за Грција. Односите меѓу Париз и Анкара се затегнати во последните месеци.

Коронавирус