сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 68
home Регион

Ердоган: Односите Турција – САД ќе го надминат турбулентниот период

Ердоган: Односите Турција – САД ќе го надминат турбулентниот период
epa07046142 Turkish President Recep Tayyip Erdogan addresses the General Debate of the General Assembly of the United Nations at United Nations Headquarters in New York, New York, USA, 25 September 2018. The General Debate of the 73rd session begins on 25 September 2018. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека САД и Турција ќе го надминат сегашниот турбулентен период во нивните односи.

– Нашето стратегиско партнерство со САД, кое преживеа многу потешкотии, ќе го преживее и овој турбулентен период, изјави Ердоган на конференција во Њујорк, каде учествува на Генералното собрание на Обединетите нации.

Односите меѓу Турција и САД се нарушени поради американското одбивање да го екстрадираат турскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар во јули 2016 година. САД, пак, бараат Турција да го ослободи американскиот свештеник Ендрју Брансон, кој е обвинет за поврзаност со Ѓулен. Спорот меѓу двете земји придонесе за падот на вредноста на турската валута летово.

Ердоган, сепак, во својот говор го обвини Трамп дека ги користи трговските прашања како политичка алатка за да ги реализира своите цели.

Коронавирус