петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 163
home Регион

Ердоган ќе ги отвори вратите за мигрантите доколку не добие поддршка од ЕУ

Ердоган ќе ги отвори вратите за мигрантите доколку не добие поддршка од ЕУ

Турција ќе биде приморана да ги отвори вратите кон Европа за сириските бегалци доколку Европската Унија не ѝ овозможи доволна поддршка, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека Турција не може сама да го поднесе тој товар.

Турција сака да воспостави „безбедносна зона“ на североистокот на Сирија, каде вели дека до два милиони сириски бегалци може да се доселат, откако регионот се „исчисти од курдската милиција“. Анкара во повеќе наврати ја повикуваше ЕУ да ѝ помогне на Турција во прифаќањето на повеќе од 3,5 милиони бегалци, пренесува „Ројтерс“.

– Без разлика дали ќе добиеме поддршка или не, продолжуваме да им помагаме на гостите на кои сме им домаќини. Но, ако во тоа не успееме, тогаш ќе мораме да ги отвориме вратите – рече Ердоган на конференцијата за новинарите заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.