сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Регион

ЕПП со резолуција од конгресот во Загреб за јакнење на европската перспектива на државите од регионот

ЕПП со резолуција од конгресот во Загреб за јакнење на европската перспектива на државите од регионот

Европската народна партија (ЕПП) донесе резолуција синоќа на собир во Загреб за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа.

Документот, предложен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), ги повикува европските институции и земјите-членки да ги почнат преговорите за пристапување со Скопје и Тирана што е можно поскоро.

Документот, исто така, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, така што тие земји ќе ги исполнат критериумите за влез во Унијата што е можно поскоро.

На првиот ден од Конгресот во Загреб, големо внимание беше посветено на проширувањето на ЕУ, а водечките луѓе од ЕПП ја критикуваа блокадата за започнување преговори со Македонија и Албанија.

Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ претходно изјави дека за време на хрватското претседателство со ЕУ во првата половина на следната година, еден од приоритетите ќе биде европската перспектива на земјите од регионот, а во тој контекст самит на лидерите на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи во мај во Загреб.