сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Регион

Епидемија на морбили во Црна Гора е реалност

Епидемија на морбили во Црна Гора е реалност

Епидемијата на морбили во црна Гора е реална, изјави педијатарот Небојша Кавариќ истакнувајќи дека во моментов 90 проценти од децата од 2019 година не се вакцинирани.

-Во Црна Гора имаме околу 7000 новородени годишно. На подрачјето на Подгорица опфатот за ММР вакцината за 2014 година е 90%, за 2015 88 отсто, 2016 77 проценти, 61 проценти во 2017 година, а во 2019 е 11,5 проценти, истакнал Кавариќ за РТЦГ.

Тој вели дека доволно е едно дете да дојде во фаза кога е заразно, четири дена пред појава на морбилите и четири деца по оздравувањето да пренесува и ќе има епидемија.

Коронавирус