четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 140
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Регион

Експлозија во брод на пристаништето во Ираклио на грчкиот остров Крит, повредени четири лица

Експлозија во брод на пристаништето во Ираклио на грчкиот остров Крит, повредени четири лица

Четири лица, членови на екипажот се повредени во експлозијата што рано утрово се случила во патнички брод закотвен на пристаништето во Ираклио на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, експлозијата не била од голeми размери, повредените лица се членови на екипажот, сите се пренесени во болница, а еден од нив е во сериозна состојба.

Патничкиот брод сообраќал на линијата Атина- Крит, утрово стигнал на островот од атинското пристаниште Пиреас, а експлозијата се случила откако патnиците веќе го напуштиле бродот.

Надлежниот на крајбрежната служба во Ираклио Ефтимис Дувис, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека експлозијата била во просторот каде што се моторите. Tочните причини се утврдуваат, но дека првичните процени се дека пукнала пумпа. (МИА)

Коронавирус