вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Регион

ЕК бара од косовската Влада да ја намали бројката од 74 заменици министри

ЕК бара од косовската Влада да ја намали бројката од 74 заменици министри

Европската комисија побарала од Владата на Косово да постави ограничување за бројот на заменици министри, или со нацрт-законот за функционирањето на државната администрација и независните агенции, или со оној за Владата, објави денеска „Коха Диторе“.

Повикот произлегол од заедничките заклучоци на Посебната група за реформи во јавната администрација, објавени во вторникот, по средбата одржана на крајот на април, јави дописникот на МИА од Приштина.

Европската комисија нагласува дека политичкото влијание при именувањето и разрешувањето продолжува да претставува загрижувачки проблем.

– Страните се согласни дека правилникот за именување високи цивилни службеници треба да се преразгледа веднаш со помошта на експерти, со цел да се обезбеди целосно почитување на принципот на заслуги и да се усвои од Владата до 17 септември 2018 година, се вели во заклучокот.

Владата на Рамуш Харадинај има вкупно 74 заменици министри, односно по пет,  па и повеќе заменици во едно министерство. (МИА)