недела, 9. август 2020. Вести денес: 91
home Регион

Едно лице повредено, изваден нож на протестите во Белград (ВИДЕО)

Едно лице повредено, изваден нож на протестите во Белград (ВИДЕО)

На протестот пред српскиот Парламент во Белград вечерва се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.

Како што објави порталот Нова.рс, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.

Група демонстранти ја нападнаа вечерва зградата на Српскиот парламент, пробивајќи ја заштитната ограда пред влезот на законодавниот дом и со неа почнале да ја гаѓаат вратата, но полицијата веднаш реагирала и ја отстранила.

Репортерите на Н1 телевизија јавуваат дека група од 200 демонстранти се многу агресивни, напаѓаат и фрлаат камења и пиротехника кон полицијата. Сите се маскирани, имаат фантомки, агресивни се дури и кон новинарите од кои бараат да не ги снимаат.

Коронавирус