среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 164
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Едно лице исчезна: Низа проблеми од невремето што ја зафати Грција

Едно лице исчезна: Низа проблеми од невремето што ја зафати Грција

Невремето со обилен дожд и силен ветер што од синоќа зафати делови на Грција, создаде низа проблеми, противпожарната служба интервенираше за помош на граѓани, а едно лице исчезна на островот Евија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од доцна синоќа спасувачки екипи започнаа потрага по исчезнат маж на планината Дирфи на Евија, а акцијата продолжува и сабајлево.

На Кефалониа од силниот ветер се урна кров на пристаништето, по што интервенираа пожарникари за спасување на две лица, додека пак во Атина, седум возила, доцна синоќа беа заглавени во поплава предизвикана на булевар и спасени пет лица.

На островот Хиос рано утрово, траект со над 300 патници не можеше да се закотви на пристаништето, поради силниот ветер.

Противпожарната служба на Грција примила 157 повици за помош, од кои 133 биле од областа Атика, поширокиот дел на Атина. (МИА)

Коронавирус